Субвенција за домаќинствата за приклучок на гасоводниот систем

34

Општина Струмица, во соработка со ЈПЕД „Струмица – ГАС“, објави Јавен повик за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем. Со оваа иницијатива се овозможува субвенционирање на трошоците за „Стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем“, со вредност од 46.943 денари по домаќинство, во нето-износ.

– Субвенцијата ќе се доделува во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“, сè до исцрпување на буџетот што значи дека граѓаните кои први ќе поднесат апликација ќе имаат приоритет во добивањето на субвенцијата. Ова е одлична можност за сите граѓани кои сакаат да го користат природниот гас како енергент, да направат значителни заштеди на енергетските трошоци, а истовремено да придонесат за заштита на животната средина – велат од општина Струмица.

Од „Струмица – ГАС“, велат дека енергијата добиена од нормален кубен метар гас со просечна калорична вредност на 33.338 КЈ може да се спореди со енергија добиена од согорувањето на 3,5 килограми дрва, 2,6 килограми јаглен, 1 литар гориво, 9,8 KWh електрична енергија и 0,78 килограми течен гас (пропан/бутан).

– Ако направиме споредба при готвење, тогаш односот е поповолен во корист на природниот гас, па на пример, при подготовка на ручек, енергијата добиена од 11 килограми дрва, или 7,3 килограми јаглен одговара на 1 нормален кубен метар природен гас. Во одредувањето на финансиски аспект, со цврсто гориво треба да се земат предвид трошоците за манипулација на гориво и глина, загуби во текот на претовар, итн. – велат од „Струмица – ГАС“.

 

ИЗДВОЕНИ