Субвенции за полагање за возачка дозвола

23

Општина Карпош и годинава ги субвенционира младите лица кои ќе посетуваат обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија.

За таа цел е распишан јавен повик, а Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават.

-Оттука, секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола мора да е жител на општина Карпош, заедно со неговите родители, минимум 3 години до денот на поднесување на барањето. Притоа, според принципот „прв дојден – прв услужен“ ќе се субвенционираат млади лица кои се родени во 2007 година, односно кои во 2025 година ќе наполнат 18 години – објаснуваат од Општина Карпош.

Согласно утврдените правила, висината на субвенции е определена според следниве критериуми: двајца родители со вкупен приход до 80.000,00 денари, добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел. Двајца родители со вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари, добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел, додека двајца родители со вкупен приход од 100.001 до 120.000 денари, добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.Воедно, двајца родители со вкупен приход од над 120.001 денари, добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.

Локалната самоуправа напоменува дека во предвид ќе се земат само оние лица кои уплатиле за  посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиена потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучен одоговор со Општина Карпош, произлезен од претходно распишниот јавен повик.

Во претходниот јавен повик беа избрани следниве авто школи: „Смарт“, „Мобилити плус“– АМСМ, „БобиЕМ“ „Софи скул“ и „Тримоски“

Општината ги информира граѓаните дека јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а правото на субвенција е еднократно.

 

ИЗДВОЕНИ