Ќе се доделува финансиска поддршка за зачувување на руралните предели и на нивните традиционални карактеристики, односно надоместок на трошоците за одржување на висинските пасишта и ливади и поддршка за традиционалното сточарство. Повикот е отворен до 31 март 2025 година.

Финансиската поддршка е наменета за мерката 213 – помош за зачувување на руралните предели и на нивните традиционални карактеристики, односно надоместок на трошоците за одржување на висинските пасишта и ливади и поддршка за традиционалното сточарство (плати за овчарите, козарите и за говедарите).

Корисници на оваа мерка се сите земјоделски стопанства што исплатиле плата за периодот од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и пасење добиток (овци, кози и/или говеда). Критериумите за висината на исплатената плата се наведени во јавниот повик објавен на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој.

ИЗДВОЕНИ