Субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема

2231

Општина Центар почна со проектот „Цел Центар на точак“, односно и годинава ќе го субвенционира купувањето велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети, како и купувањето дополнителна опрема (детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и слично) за нив во 2025 година.

За таа цел, денеска е распишан јавен повик, кој ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Притоа ќе се субвенционираат 30 % од цената за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети, но најмногу до 3.000 денари и 30 % од цената за купување дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, ѕвонче, безбедна сајла, катанец и слично, за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 1.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што купил велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет, започнувајќи од 21 март, потребно е да достави: барање за субвенција, кое е достапно во архивата и на веб-страницата на Општина Центар – www.centar.gov.mk, копија од лична карта, копија од трансакциската сметка, како и фискална сметка во оригинал.

 

ИЗДВОЕНИ