Субвенции за поправка на постојни покриви и лифтови на згради

24

Општина Центар доделува финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и лифтови во станбените згради на нејзината територија. За таа цел е распишан јавен повик со кој ќе се одберат пријави за кои ќе се финансира замената на постојните азбестни салонитни покривки на кровови со еколошки, како и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во јавниот повик

Од Буџетот на Општина Центар ќе се одвојат средства и тоа во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари за реконструкција на постојните кровни конструкции и во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 % од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на лифтови.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден – прв услужен“, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на општина Центар.