Студентските блокади се терор што ќе заврши до 15 април, рече Вучиќ и најави дека ќе напише книга

111

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на телевизијата „Пинк“ студентските блокади ги нарече терор кој трае со месеци.

-Месеци на терор, јас немам проблем да го наречам тоа со вистинското име. Не се плашам од блокадите и малтретирањето, бидејќи не сум јас надлежен, не можат да удрат на мене, па веројатно затоа ќе ги блокираат приватните телевизии, не знам само во која земја е тоа дозволено. Изложени сме на терор. Земјата покажа одредени слабости, но нападнати сме однадвор со обоена револуција. Прво имавме незадоволство, па гнев на политичките партии, а децата почнаа со блокадите, ја спроведуваат во дело обоената револуција, оцени тој.

Додаде дека ќе напише книга што ќе се вика „Како ја победив обоената револуција“ или „Терор од до“. Додаде дека ако на протестите во саботата бил употребен звучен топ, тој веќе нема да биде претседател.

Вучиќ процени дека крајот на студентските блокади и протести ќе биде до 15 април, бидејќи имало најава политичките партии во наредните денови да се сложат да влезат во власта, „па да бараат од студентите да се спојат и да поддржат преодна влада“.
-Ќе се обидат да направат собир кога ќе се состане Собранието, па ќе се обидат да изберат влада. Тогаш ќе мора да формираат пленуми, собири, измислени тела, но со тоа ништо нема да се оствари. Нема крај на лудилото, заклучи Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ