Се приклучија и вработените во средните и основните училишта кои одлучија да ја бојкотираат наставата и покрај заканите од власта дека ќе им се скратат платите. На повикот за генерален штрајк одговорија и бројни приватни работодавци, мали бизнисмени, вработени во културата, кината, невладиниот сектор и одредени медиуми.Тие искажаа поддршка секој на свој начин- излегувајќи на протестот, со краток молк или со привремено запирање на работата. За првпат 15 минутен молк имаше и во Косовска Митровица, каде граѓани се одзваа на повикот на српските студенти и излегоа на улица. На протест во Јагоднина во 15 часот повика и претседателот на државата Александар Вучиќ, на кој е планирано формирање ново натпартиско движење
На повик на студентите кои подолго време протестираат и прават блокади низ градовите, граѓаните на Србија денеска излегоа на генрерален штрајк, или „општа граѓанска непослушност“. Како дел на истата акција беше и повикот на таканаречен потрошувачки штрајк – да не се трошат пари за купување или плаќање за било што во продавниците, рестораните или на кое било друго место во текот на денот.
Со силно полициско присуство генералниот штрајк почна изутрината со блокади и протестни прошетки во повеќе градови низ земјата. Како што е вообичаено, во 11.52 часот со 15-минутна тишина им се оддаде почит на 15-те жртви од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. За првпат 15 минутен молк имаше и во Косовска Митровица, каде граѓани се одзваа на повикот на српските студенти и излегоа на улица. Студентите добија поддршка од вработените во средните и основните училишта кои одлучија да ја бојкотираат наставата и покрај заканите од власта дека ќе им се скратат платите. На повикот за генерален штрајк одговорија и бројни приватни работодавци, мали бизнисмени, вработени во културата, кината, невладиниот сектор и одредени медиуми.Тие искажаа поддршка секој на свој начин- излегувајќи на протест, со краток молк или со привремено запирање на работата.
Опозицијата од Нови Сад изутрината го блокираше автопатот за Белград, но полицијата ја растури блокадата и со приведување на новосадски опозиционери ги направи првите апсења на вчерашниот трајк.
Седиштето на РТС и зградта на Претседателството кои беа најавени како попадневни одредишта за протести ги чуваа полициски единици во опрема за разбивање демонстрации. Исто така, вработените во покраинската влада на Војводина беа заклучени во владината зграда , за да не можат да излезат на протестите.
Во Србија „врие“ по 1 ноември кога при реконструкција падна натстрешницата на железничката станица во Нови Сад при што настрадаа 15 лица, а десетици беа повредени. Секој ден простестите се зголемуваа и се ширеа низ српските градови, а во последно време ги организираат студентите и средношколците, кои беа на улица и на новогодишната ноќ.
Истовремено со студнетските повици на генерален штрајк, претседателот на државата Александар Вуќиќ од Давос, каде присуствуваше на Светскиот економски форум повика на протест во Јагодина што го најави за вечерва во 17 часот.
-Пет часот и 55 минути. Наскоро заминуваме за Давос, последната средба и потоа назад во Белград. Во Србија веројатно веќе се раздени. Бидејќи не пијам кафе, пијам чај, а потоа одам на работа. Едвај чекам да се вратам во Србија. Нема политика во ова обраќање, ниту некои посебни пораки, освен што сум најсреќен кога одам кон нашата земја и некако секогаш се чувствувам посебно, свечено, убаво. Се гледаме утре во Јагодина, рече тој вчера во видео порака преку својот официјален Инстаграм профил.
Целта на овој собир, како што е претходно најавено, е да се постават темели на едно идно движење – натпартиска организација чиј стожер ќе биде СНС. Движењето треба да ги собере политички неинволвираните луѓе од сите сфери.
Но, претпладнето граѓаните на Јагодина, град за кој се смета дека е под контрола на владејачката партија, масовно се приклучија на генералниот штрајк на кој ги повикаа студентите. Се оценува дека собирот организиран од студентите е најмасовен досега во тој град.