Студентите и средношколците на блокади, „15 минути молк“ денеска на повеќе локации во Србија: Добија поддршка и од Ѓоковиќ

45

Неполн месец по нападот врз студентите на ФДУ, 60 факултети во Србија се под блокада. Целиот универзитет во Белград и Нови Сад се блокирани, како и сите факултети во Крагуевац и Ниш. Студентите велат дека нема да се откажат додека не се исполнат нивните барања. Учениците се поддржани од средношколци како и од колеги од странство. Акцијата „15 минути молк“ ќе се одржи денеска во 11:52 часот на повеќе локации во Србија.

Карловачката гимназија утрово накратко беше блокирана, главниот влез беше затворен со ланец. Учениците на оваа гимназија вчера протестираа пред училиштето, додека денеска влегоа и накратко ја блокираа оваа образовна институција. Сите пет влеза во училиштето беа блокирани, а влез им беше дозволен само на ученици.

Директорот на училиштето Бранко Стојков прво побара од учениците да се отворат, јавува 021.рс.

“Ова е шлаканица за целото училиште. Немате почит кон луѓето кои застанаа покрај вас, ние први застанавме покрај вас. Ве молиме веднаш отворете ги вратите. Мнозинството одлучи да нема блокада ( парламентот кој што гласаше против блокадата. Ова е одлука на малцинството и малцинството не може да одлучува“, изјави директорот на Карловачка гимназија.

Во борбата за правда и вистина ги поддржа и Новак Ѓоковиќ.

„Како некој кој длабоко верува во моќта на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно да се слушне и нивниот глас.