Студентите го објавија целосниот план за протестите во Белград/ФОТО

82

Студентите во блокада го објавија целиот план за утрешниот протест во Белград и локациите од кои ќе се движат.

На мапата се прикажани локациите каде ќе се соберат луѓето и од каде заедно ќе одат на протест пред Народното собрание на Република Србија во 16 часот, објавено е на Инстаграм.

Ќе се движат од Автокоманда, Булеварот Крал Александар, Плоштадот Република и кружниот тек во Нов Белград кај општината. Тргнуваат во 13 часот, а во Собранието на Србија треба да пристигнат во 16 часот.

Фото: Instagram

Белградските студенти во блокада, кои утре организираат голем протест пред Собранието на Србија, претходно на својата официјална страница на Инстаграм објавија дека собирот ќе започне во 16 часот.

Апелираа и до Министерството за внатрешни работи да ја отстрани „шаторската населба“ во која се сместени студенти кои „само сакаат да учат“ од Пионерскиот парк пред протестот на 15 март.

Но, тие претходно одлучија да останат на својата позиција, каде сега се паркирани десетици трактори.

Студентите во блокадата се оградија и од сите поединци, групи и организации кои сакаат да го искористат нивниот протест за остварување политички цели.

ИЗДВОЕНИ