Студениот фронт ни е се поблиску: Од идната недела вистинска есен

70

Времето во земјава до сабота ќе биде сончево и топло, како резултат на приливот на топла воздушна маса од северот на Африка.

Во исто време, Западна Европа и подрачјето на Алпите се под влијание на циклони и студен фронт од Атлантикот, со обилни врнежи и силно заладување.

До сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела почнува продорот на студен фронт и вистинско есенско време. Ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата.

Почетокот на октомври ќе донесе стабилно време и студени, понекогаш магливи утра, а во текот на денот ќе следи постепен пораст на температурите.