Претпладнево во земјава и понатаму имаме претежно облачно и ладно време со ветер од северен и од североисточен правец, кој е со слаб до умерен интензитет.
Инаку, до крајот на денов ќе имаме претежно облачно време, повремено со пократки сончеви периоди, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачи малку над 10 степени, односно до околу 12 степени.
Инаку, што се однесува до снежната покривка најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, а таму беше измерена и најниска температура од -3 степени, додека во Маврово беа измерени -2. Минусни температури имаше и во Крива Паланка и Крушево, додека на останатите места беа измерени температури над нулата. Највисока температура имаше во Гевгелија, каде утрово беа измерени 5 степени.
Покрај Попова Шапка, снег во земјава има и во Маврово – 9 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви период. Кон крајот на денот ќе има локална појава на дожд. Максикмалната температура ќе биде во интерварл од 7 до 12 степени.