Под влијание на многу студена воздушна маса од север, но и поради влијанието на разведрувањето и ведрото време во Македонија, од претходната поќ, па во следните неколку ноќи и утра, се до вторник ќе биде особено студено со минимални температури кои на целата територија на Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.
Во Беровскиот регион, како и на високите места и на планините температурите ќе се спуштаат дури и под -10 степени, што значи дека очекуваме појава на умерени до јаки мразеви, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.
Дневните температури пак во следните денови ќе бележат тенденција на постепен пораст, и до средината на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
По овој период на стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност, но и со многу ниски температури наутро, некаде на самиот крај од овој месец, како и во почетокот на месец Декември, барем одсега гледано ни следува нов студен и влажен бран кој ќе предизвика нови врнежи. Сепак околу ова официјални детали ќе имам во следните мои метео објави.