СТУДЕН СЕПТЕМВРИ: Планирате море, а Европа мрзне! Какви се температурите на морето по заладувањето?

1814

Силен циклон донесе големо заладување, многу обилни врнежи и поплави во Централна Европа. Снег вее и на планините.

Подрачјето на централниот Медитеран и Јадранското Море претходните денови беше зафатено од силно невреме со грмежи, а имаше и морски пијавици.

Забележливо постудена воздушна маса стигна до централниот Медитеран, а дури и во јадранското подрачје температурите на воздухот се спуштија под 20 степени.

Според календарот, летото се уште не е завршено и многу луѓе се уште планираат патување на море.

Добрата вест е дека температурите на морињата низ Медитеранот се уште се повеќе од идеални за пливање и поминување време на море, иако пониските температури на воздухот во областа на Јадранско Море не одат во прилог на тоа.