СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Пад на температурите и снег за викендот

112

Времето утре ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на
денот и во текот на ноќта повремен локален дожд ќе има во западните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од среда до сабота под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер, над 70 километри на час.

– Поради продор на постудена воздушна маса од север во петок во текот на ноќта и во сабота врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и на повисоките места, соопштуваат од УХМР.

ИЗДВОЕНИ