Струмичанец загина по судар на неговото возило со украински камион

67

Струмичанец вчеравечер загинал во сообраќајна несреќа по судар со камион од Украина, управуван од украински државјанин, соопшти МВР.

„На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до селото Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина.

На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица“, објави полицијата.

ИЗДВОЕНИ