Полициски службеници вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, го привеле педесет и едногодишниот Р.П. од Струмица.
Иманео, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.