Со величествен огномет и светнување на елката, висока над 20 метри Струмица, почна да ја живее новогодишната бајка. Главните градски улици се осветлени во најразлични бои, а плоштадот „Гоце Делчев“ е украсен со најразлични реквизити кои ја доловуваат новогодишната магија.
Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со дечињата и граѓаните одбројуваше до светнувањето на големата елка, градот доживува вистинска новогодишна магија каква нема никаде во државата.
– Опфатот на украсени улици и реквизитите кои се поставени е многу голем. Еден од заштитните знаци на новогодишното украсување во Струмица е елката, која е висока над 20 метри, но мене посебен впечаток ми остава ангелот кој е поставен пред новиот соборен храм во изградба кој е висок околу 3,5 метри. Овие се времиња на радост, времиња на смеа, времиња на уживање и посакувам цела Струмица, но и цела Македонија да дојдат тука за да можат да ја почувствуваат новогодишната магија – изјави Костадинов.
Новогодишното украсување на Струмица чини 7 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет.