Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот „Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

25

Струмица денеска и утре го празнува 11 декември – Денот на заштитниците на градот „Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Одбележувањето почна денеска попладне со празнична Вечерна богослужба и свечена академија во манастирот „Свети Леонтиј“, во Водоча, а утре со Света архиерејска литургија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во истоимената манастирска црква.

Утре ќе се одржи и свечена седница на Советот на Општина Струмица, на која за значењето на празникот ќе говори градоначалникот Костадин Костадинов. Покрај тоа, ќе бидат доделени и традиционалните годишни награди и награда за животно дело на истакнати поединци и организации за 2024 година.

Заради непречено чествување на празникот денеска и утре има посебен режим на сообраќајот по улиците кои водат до црквата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

.

ИЗДВОЕНИ