Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз

129

Општина Струмица денеска же ги добие десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз, а денеска нивно претставување ќе има автосалон во Скопје.

Општината набави десет електрични автобуси, кои чинат седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.

Според информацијата од директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Драги Поп Стојанов, од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасат во Струмица, а на 11 септември, на Денот на ослободувањето на градот, ќе почне пробниот период на возење на автобусите.