Градоначалничката Данела Арсовска и стручните служби на Град Скопје испратија допис до претседателот на Советот, Трајко Славески, во кој го оспоруваат заклучокот донесен без кворум.
Според нив, заклучокот не може да се смета за легален, бидејќи во Советот биле присутни само 19 советници, наместо потребните 23.
Дописот исто така укажува на незаконското постапување и ускратување на правото на изјаснување за време на расправата, како и на непочитувањето на законските прописи при предложената измена на Одлуката за надоместокот во линискиот превоз.
Стручните служби нагласуваат дека ваквите дејства ќе бидат пријавени до надлежните органи.