Строги правила за Туристите во Италија: Непочитувањето може да ве чини до 2.500 евра

82
Фото: Eva Celine Youtube

Властите на Чинкве Тере во Италија воведоа забрана за обувки со отворени прсти налик на апостолки. Бидејќи претстојните празници се очекува да бидат особено преполни, тие ги заоструваат прописите. Луѓето со несоодветни обувки можат да платат казни од 50 до 2.500 евра.

Исто така, патеките во Чинкве Тере ќе имаат еднонасочен систем во текот на денот, бидејќи гужвата ќе биде голема, како и бројот на автомобили. Овој систем главно се користи на врвот на сезоната и на популарните делови од планинските правци.

Во деновите за кои се предвидува дека ќе бидат најфреквентни во април, мај и јуни оваа година, делот Монтеросо – Вернаца од патеката ќе биде еднонасочен од 9 до 14 часот.

За тоа време, планинарите ќе можат да одат само од градот Монтеросо кон Вернаца, насоката на избор за повеќето посетители.

Еднонасочниот систем ќе биде активен од 19 до 21 април и од 25 до 27 април, потоа на 1, 29 и 31 мај и 1 и 2 јуни.

„Оваа мерка, која веќе беше успешно тестирана во 2023 и 2024 година, има за цел да ја подобри употребата на патеката и безбедноста на посетителите со избегнување на опасните раскрсници и метеж во областа на особено тесна и стрмна патека“, соопштија властите на Националниот парк Чинкве Тере на нивната официјална веб-страница, пренесува b92.

За влез во паркот, планинарите мора да набават и билет чија цена започнува од 7,50 евра дневно или 15 евра во деновите кога има поголема гужва.

Бројот на посетители дозволени на патеката секој час е ограничен на 400, а пешаците мора да ги резервираат своите билети преку Интернет или да купат еден во киосците во паркот.

ИЗДВОЕНИ