Една мала, едноставна грешка може да ве чини 900 евра ако одите да посетите едно од најпопуларните европски знаменитости.
Грција наметнува високи казни за туристите кои нема да ги почитуваат правилата за зачувување на античките споменици како што се Акропол, Партенон и театарот во Епидаурус.
Обрнете внимание на чевлите
Туристите треба да внимаваат какви обувки носат кога ги посетуваат познатите знаменитости, бидејќи секој што ќе се прошета во нив со високи потпетици може да биде казнет до 900 евра.
Ваквите чевли со високи потпетици може да ја оштетат древната камена структура. Бидејќи Акропол е музеј на отворено, исто така е забрането да се допира мермер, да се влегува во кој било храм или да се искачува по карпите или ѕидовите.
Друга земја која има строги казни за туристите кои не ги почитуваат правилата е Италија, каде исто така се воведени забрани за зачувување на спомениците.
Не пливајте во познатата италијанска фонтана
Туристите се соочуваат со казни од 500 евра доколку седнат на познатите Шпански скали во Рим. Полицијата секојдневно патролира во областа и свири со свирежи за да ги предупреди сите да го почитуваат ова правило.
Покрај тоа, казни од 25 до 500 евра се предвидени за луѓето кои ги хранат гулабите на плоштадот Свети Марко во Венеција, кој е забранет од 2008 година во обид да се заштитат од штети предизвикани од пад на птици.
Сигурно нема да се изненадите од информацијата дека пливањето е забрането во една од најпознатите знаменитости во Рим, Фонтаната Треви. Доколку се осмелите да влезете во оваа фонтана, подгответе 500 евра за да ја платите најскапата казна пропишана за овој начин на разлдување.
Но, доколку сепак се осмелите да ризикувате ваков потфат по цена да платите казна, треба да знаете дека лесно можете да добиете доживотна забрана за приближување до фонтаната или привремена забрана, пишува Express.co.uk.
Внимателно информирајте се за правилата
„Општите правила обично вклучуваат забрана за храна или пијалок во просториите, забрана за пушење и одржување на животната средина чиста со тоа што не се фрлаат отпадоци“, вели Хема Браун, раководителка на Ground Product & Partnerships во Travel Republic.
„Истражувањето на местата што ги посетувате однапред ќе ви помогне да научите за какви било посебни правила, како што е соодветната облека на религиозните места. Следењето на овие правила помага да се зачува интегритетот на тие посебни места и ја прави посетата попријатна за секого“, истакна таа, според Net.hr.