Стрелките од часовниците викендов се поместуваат еден час понапред

21

Викендов почнува летното сметање на времето. Така, на 30- март во 02:00 часот стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред,и ќе се смета како три часот.

Со оваа промена како и секоја година, денот ќе биде подолг а ноќта пократка. Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Практиката на поместување на часовникот напред започна за време на Првата светска војна како начин за заштеда на енергија. Со воведувањето на летното сметање на времето, луѓето се прилагодија на промените на дневната светлина, па успеаја да ја намалат потребата од вештачко осветлување и на тој начин да заштедат енергија. Овој систем на унапредување на часовникот стана стандарден во многу земји во светот, иако некои земји избраа да не го имплементираат или го укинаа.

ИЗДВОЕНИ