Во експлозија на бензинска пумпа во Јемен загинаа најмалку 15 лица, а 67 се повредени, јавува „Асошиејтед прес“. Околу 40 повредени лица се во критична состојба.
Експлозијата се случила во областа Захер, а големиот пожар се проширил на две блиски бензински пумпи, како и на магацини на трговски синџири. Во моментот на експлозијата во бензинската пумпа имало голем број луѓе.
Причината за експлозијата сѐ уште не е позната. Јеменското Министерство за здравство објави дека спасувачките екипи сѐ уште трагаат по исчезнатите.
SANA’A: The Houthi-controlled Ministry of Health says 15 people were killed and 67 injured in a massive explosion in a gas station in Al-Bayda Governorate, central Yemen. pic.twitter.com/LJW4j86ZFZ
— KolHaolam (@KolHaolam) January 12, 2025