Еден маж почина, а друг е пренесен во болница по страшната несреќа што се случи утринава, околу 7:30 часот, на главниот пат кај Дубровник.
Карпа која паднала од рид паднала врз комбе кое сообраќало од Жупа дубровачка кон Дубровник. Од силината на ударот карпата смачкала и го превртелa возилото, во кое загинал човекот.
– Карпа падна директно врз автомобилот. Тоа се случи две секунди пред да пристигнам. Карпата тежела повеќе од еден тон. Се откина од ридот. Сигурно паѓала 300-400 метри и го добила тоа забрзување. Автомобилот бил целосно згмечен, како на него да паднал авион, изјавил очевидец, пренесува порталот 24 часа.