Страшен судир на два автобуса во Боливија: Загинаа 37 лица, а други 30 се повредени

276
EPA-EFE/STR BEST QUALITY AVAILABLE

Најмалку 37 лица загинаа, а други 30 се повредени кога два автобуса се судрија рано утринава на селски пат во југозападна Боливија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во 7 часот по локално време на неколку километри од Ујуни, на портата на Салар де Ујуни, главна туристичка атракција и најголема солена површина во светот на повеќе од 10.000 квадратни километри, објави АП.

Еден од автобусите одел кон Оруро, каде во моментов се одржува една од најважните карневалски прослави во Латинска Америка.

ИЗДВОЕНИ