Најмалку 11 лица загинаа во силно невреме што ги зафати американските сојузни држави Тексас, Оклахома и Арканзас.
Невремето предизвика голема материјална штета. Десетици илјади жители останаа без струја.
Меѓу загинатите има и две деца на возраст од две и пет години, изјави полицијата за АП.
Официјални лица изјавија дека неколку луѓе биле префрлени во болниците со брза помош и хеликоптер во округот Дентон, Тексас, но не се знае степенот на нивните повреди.