Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот Сагаинг во северозападниот дел на Мјанмар. Потресите беа почувствувани во неколку градови, вклучувајќи ги Сагаинг, Мандалај, Кјауксе, Пјин У Лвин и Швебо во северниот дел на Мјанмар.
Геолошкиот институт на САД (USGS) објави дека земјотресот бил со јачина од 7,7 степени, со епицентар на приближно 16 километри југо-југоисточно од Сагаинг и 17 километри источно-југоисточно од Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар. Областа веќе е тешко погодена од тековните судири меѓу отпорот и воените власти.
Сведоци изјавија за „Мјанмар сега“ во вторникот дека делови од историската палата Мандалај во Мандалеј биле сериозно оштетени. Во исто време, во земјотресот целосно беше уништен мост во градот Сагаинг.
Други блиски градови, како што се Кјауксе, Пјин О Лвин и Шве Бо, исто така пријавија значителни потреси.
Засега нема информации за бројот на жртвите во денешниот земјотрес во Мјанмар.
Претходните земјотреси во таа земја за жал резултираа со голем број жртви. На пример, во земјотрес со јачина од 6,8 степени во март 2011 година загинаа најмалку 75 луѓе, а беа повредени повеќе од 100. Исто така, земјотрес во декември 2004 година предизвика цунами во Индискиот Океан, при што загинаа меѓу 230.000 и 280.000 луѓе во неколку земји, вклучувајќи го и Мјанмар.
Разорен земјотрес во Мјанмар, потресот од 7,7 степени се почувствувал до Бангкок