Тримесечно бебе загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата на патот Зрењанин-Лазарево. Несреќата се случила околу 14 часот и 15 минути кога автомобил со шест лица, меѓу кои и две бебиња, излетал од патот во нива.
Според информациите од истрагата, до несреќата најверојатно дошло кога возачот на автомобилот, таткото на починатото бебе, кој има само пробна возачка дозвола, се обидел да го заобиколи возилото пред себе, по што изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот во блиската нива. Неофицијални извори тврдат дека возачот во моментот на несреќата возел со брзина од околу 140 км/ч, што е значително над дозволената брзина на тој дел од патот.
При превртувањето, кое се случило неколку пати, од возилото испаднале жените кои седеле на задното седиште со бебињата во раце“, изјавил извор близок до истрагата, пренесува Блиц.
Фото: 192.рс
Фотографиите од местото на несреќата објавени од страната на Инстаграм 192_rs покажуваат дека возилото е целосно уништено.
Според последните информации, полицијата го привела возачот Ј.К., татко на починатото бебе, кој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа.