Претставници на компанија од Словенија, со стручни лица од Франција и од Србија, извршија увид на теренот за изградба на гондола на планината Баба на врвот Пелистер. Проектот за изработка на физибилити студија за гондола го анализираа експерти од оваа област кои имаат искуство во изградбата на гондоли и жичарници во Европа.
– Гостите од странство имаат изведено проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји. Воодушевени од природните убавини на Пелистер експертите заклучија дека во периодот што следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиската конструкција на проектот – соопштија од Општина Битола.