На платото пред УКИМ, стотици студенти се собраа денеска во 12 часот каде одржуваат организиран заеднички час за искажување почит кон жртвите кои настрадаа во трагедијата во дискотеката во Кочани.
Заедничката настава и собирите на студентите, најавија, ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.
Фото. П.Стојановски
Тие ги поканија сите заинтерсирани да се придружат на заедничкиот час и најавија дека ќе има простор каде ќе можат да се запалат свеќи, да се остави цвеќе и да се искаже тага во книга на жалост.