Стомачето ја откри вешто чуваната тајна: Никола Јокиќ и неговата сопруга чекаат бебе/ВИДЕО

748
EPA EFE DUSTIN BRADFORD

Наталија Јокиќ, сопруга на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, е бремена. Веста ја објавија медиумите во Србија, а по видеото кое беше објавено на социјалните мрежи.

Наталија беше фотографирана при посетата на Сомбор, а облечена во фустан кој го истакна нејзиниот труднички стомак.

МВП играчот на оваа сезона во НБА лигата со сопругата веќе ја има ќерката Огњена, која се роди во 2021 година.

Никола и Наталија вешто ја криеја веста за втората бременост од јавноста, а нема сомнеж дека доаѓањето на новото бебе ќе им ја разубави семејната бајка.

На Никола му претстои напорно лето, а на Олимписките игри во Париз ќе ја води репрезентацијата на Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)