Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на подготвеност

61
EPA EFEOLIVIER HOSLET

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за вадење на нуклеарното оружје од складиштата, негово распоредување и подготвеност, наведувајќи дека целта за тоа во овој случај е одвраќање на заканите.

„НАТО разговара за распоредување на повеќе нуклеарно оружје во услови на растечка закана од Русија и Кина“, изјави Столтенберг за британски Телеграф.

Според него, Алијансата мора да го покаже својот нуклеарен арсенал за да испрати директна порака до своите противници.

„Нема да навлегувам во оперативните детали за тоа колку нуклеарни боеви глави треба да бидат оперативни, но треба да се консултираме за овие прашања. Токму тоа го правиме“, рече Столтенберг.

Тој посочи дека транспарентноста за нуклеарното оружје треба да биде еден од основите на нуклеарната стратегија на НАТО во подготовката на Алијансата за, како што рече, поопасен свет.