Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Стоилевски е најновото засилување за тимот на Пролет, откако скопскиот клуб го договори потписот со 25-годишниот ракометар.
Стоилевски настапува на позицијата десно крило и дополнително ќе ја засили конкуренцијата во тимот предводен од новиот тренерот Никола Матлиески.
Негов последен клуб беше Охрид, а претходно во кариерата ги има брането боите на првиот и на вториот тим на Еурофарм Пелистер. Минатата година Стоилевски настапуваше и на неколку пријателски натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.
Стоилевски е првото зимско засилување на тимот кој што зимава остана без својот тренер – Александар Јовиќ кој почина ненадејно.