Границите се ирелевантни, правила не постојат, единственото нешто што е важно е чистата емоција преточена во музика.
Стјепан Хаусер е уметник кој не ги следи трендовите, туку ги создава. Светски познатиот виртуоз на виолончело, препознатлив по своите страсни изведби, го започна својот најголем и најхрабар проект досега „Музиката го обединува светот“ (Music Unites the World)
Овој проект не е само музичко патување, туку глобален манифест на единство, доказ дека музиката не познава бариери или поделби.
За прв пат во историјата, еден изведувач ќе изведе препознатлива песна од секоја земја во светот, потврдувајќи го она што љубителите на музиката одамна го знаат. Музиката е универзален јазик што го разбира секој, без разлика на потеклото, културата или јазикот.
View this post on Instagram
“Сакам да докажам, еднаш засекогаш, дека музиката ги поврзува и обединува секоја нација, секоја култура и секој човек на оваа планета. Затоа решив да отсвирам по една песна од секоја земја. Проектот нема да престане додека не отсвирам песна од секој агол на светот”, додаде Хаусер.
Како дел од овој проект, Хаусер ја отсвири „Цесарица“, безвременски хит на Оливер Драгојевиќ, за да ја претстави Хрватска со таа песна.
View this post on Instagram
„Оливер беше и остана посебен уметник кој ме инспирираше уште од мали нозе. Неговите песни ми се драги на срцето и работата со него засекогаш ќе ми биде посебна“, рече Хаусер, објаснувајќи како отсекогаш бил инспириран од музичкото наследство на Оливер Драгојевиќ.