Она што сите го очекуваа е официјално потврдено. Легендарниот УФЦ борец Стипе Миочиќ објави крај на професионалната кариера откако загуби во спектакуларна борба од неприкосновениот Џон Џонс.
Поранешниот шампион во тешка категорија од Хрватска минатиот викенд го загуби последниот меч во октагонот, а подобар од него беше Џон Џонс, кој славеше со нокаут во третата рунда пред полни трибини во „Медисон Сквер Гарден“. Без разлика на исходот од оваа борба, Стипе најави повлекување од ММА светот.
-Дозволете ми да го започнам овој пост со тоа што ќе кажам дека сум добро. Поминав многу полошо. Се надевам дека сите уживаа во шоуто во саботата. Каков неверојатен крај, меѓу другото, напиша Миочиќ.