Штип блесна за претстојните празници

16

Почна Новогодишниот базар во Штип, а улиците и мостовите низ централното градско подрачје, плоштадот „Слобода“ и шеталиштето „Ванчо Прќе“ и официјално блеснаа со светилки, санки, ѕвездени неба, елки. Поставени се и типските куќички на еднонасочната улица.

Трајче Здравков, шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, истакна дека секоја вечер до 30 декември на еднонасочната улица ќе има програма, пред сè за најмалите, но и за останатите граѓани. Програмата ќе се објавува тековно.

Граѓаните велат дека централното градско подрачје личи на новогодишна бајка и ова е прво посериозно украсување на градот, со цел да се почувствува атмосферата за претстојните новогодишни и божиќни празници.