EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Поранешниот селектор на Хрватска, Игор Штимац, не може да се помири со одлуките на судијата Дани Макели на натпреварот против Италија.

„Азурите“ обезбедија бод во осмата минута од судиското надополнување за конечни 1:1 и практично ја елиминира Хрватска.

Од тој момент започнаа острите критики кои Хрватите ги упатија кон холандскиот судија, сметајќи дека тој им помогнал на Италијанците да дојдат до бод кој ги пласира во нокаут фазата.

  • Би сакал што побрзо да го заборавиме овој судија. Не му го знам ни името, се разбудив утрово, сонував како го тепам. Сонував како вреска и се обидува да се оттргне од мојата рака. Бев толку депресивен и тажен поради тоа што ни го направи, длабоко во ноќта размислував за него, но не сакам тоа да ми се случува, истакна Штимац, па додаде:
  • Верувам дека многу Хрвати доживеаја таква ноќ. Сепак, мора да анализираме каде згрешивме, што не направивме добро. Имавме можност да не зависиме од таа победа против Италија и од тоа треба да почнеме. На момците, тренерот, стручниот штаб, уште еднаш да им честитам, бидејќи ваквите резултати се составен дел од работата што ја работиме, а сите оние кои дадоа големи критики за време на натпреварот и беа дел од негативната публика, ништо од тоа не ѝ помага на хрватската репрезентација, нека се запрашаат какви луѓе се, смета Штимац.