Кошаркарите на Далас славеа на гостинскиот терен против Голден стејт со 143:133, а тренерот на поразените, Стив Кер, изјави дека Лука Дончиќ му пресудил на неговиот тим во Сан Франциско.
Инаку, на мечот беа забележани вкупно 48 тројки, како и феноменален трипл-дабл на Лука Дончиќ. Словенецот го заврши мечот со 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања, 13 асистенции и 11 скока).
- Проблемот беше Лука Дончиќ. Тоа беше проблемот. Мислам дека тие ги погодија своите први девет удари, мислам дека тој погоди три и имаше уште три асистенции. Беше неверојатен. Дајте му признание, изјави Кер по натпреварот.
Резултати: Орландо – Њујорк 91:100, Вашингтон – Бостон 98:112, Сан Антонио – Минесота 92:106, Феникс – Портланд 116:109, ЛА Лејкерс – Мемфис 116:110.