Стевчо Јакимовски се спрема за преселба, новата општинска зграда ќе биде готова за еден месец 

199

Новата зграда на Карпош почна да се гради во 2012 година, а целиот проект, како што беше првично кажано, требаше да чини помалку од три милиони евра, но низ годините инвестицијата значително порасна, особено затоа што изградбата предолго трае. Така, од 2021 до 2024 година, за општинската зграда биле искористени 33.727.000 денари или половина милион евра. Во 2024 година биле потрошени 5,7 милиони денари (93 илјади евра) општински пари за внатрешно уредување, а до крајот на годината уште 10 милиони денари (над 160 илјади евра) од ребалансот на буџетот.

Пари за завршување на објектот, кој се простира на површина од 4.500 квадратни метри, беа обезбедени и во годинашниот буџет, во износ од 40 милиони денари (650 илјади евра). Или досега за изградба на зградата се потрошени над 1,3 милиони евра

 

 

 

До почетокот на јуни, општинската администрација на Карпош од просториите во основното училиште „Лазо Трповски“ ќе се пресели во новата општинска зграда. Од Општината информираат дека во моментов се изведуваат завршните работи.

– Се поврзува електриката, оптичките кабли, се поставуваат вратите, се поставува мермерот на подот и на скалите, се монтираат лифтовите, се ставаат окапниците на прозорците. Во исто време се прават и поправки на оштетените делови, затоа што зградата буквално беше напуштена неколку години и никој ја немаше погледнато – објаснуваат од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека поради неодржување, мразот направил оштетување и дека се затнале делови на одводната канализација, па си го сториле своето.

– Се прави и проект за пристапната улица и за влезната партија. Зградата во која ќе биде сместена Општина Карпош ќе биде најголемата општинска зграда во Република Македонија. Општината има намера да смести и дел од подрачните единици на министерствата во Владата на Република Македонија. Најбитни од сите ни се имотноправните подрачни единици – потенцираат од локалната самоуправа.

Минатиот месец, по објавен јавен оглас, Општината склучи договор со Друштвото за промет и услуги „ЕМ Груп електрометал“ за изведување на завршните занаетчиски работи и за поставување на лифтовите во новиот административен објект на локалната самоуправа, вреден повеќе од 32 милиони денари. Договорен е и стручен надзор за изведување на завршните работи со Друштвото за архитектонски дејности, надзор и инженеринг „МБМ Архитекти“. Надзорот ќе чини околу еден милион денари.

– Што се однесува до финансирањето и до цената на чинење, мораме да кажеме дека, по неколкугодишниот застој, во изминативе две години интензивно работиме на нејзино довршување. За жал, споредбено со седум-осум години, денес цените се многукратно зголемени – заклучија од Општината.

Од 2023 година досега за општинската зграда се одвоени околу 870.000 евра.

Новата зграда на Карпош почна да се гради во 2012 година, а целиот проект, како што беше првично кажано, требаше да чини помалку од три милиони евра, но низ годините инвестицијата значително порасна, особено затоа што предолго трае изградбата.

Така, од 2021 до 2024 година, за општинската зграда биле искористени 33.727.000 денари или половина милион евра. Во 2024 година биле потрошени 5,7 милиони денари (93 илјади евра) општински пари за внатрешно уредување, а до крајот на годината уште 10 милиони денари (над 160 илјади евра) од ребалансот на буџетот.

Пари за завршување на објектот, кој се простира на површина од 4.500 квадратни метри, беа обезбедени и во годинашниот буџет, во износ од 40 милиони денари (650 илјади евра). Или досега за изградба на зградата се потрошени над 1,3 милиони евра.

Неодамна, Општина Карпош ја исели фирмата „Реди рециклажа“ од просториите во недовршената зграда, кои ѝ беа дадени на користење, како оперативен центар каде што привремено се складираше селектираниот отпад собран од зградите во Карпош и во Центар, пред да биде пренесен до преработувачите. Целта била да се ослободи просторот за да заврши изградбата.

 (А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ