Легендарниот центар на НБА, Шекил О‘Нил го коментираше падот на популарноста на најдобрата кошаркарска лига во светот.
Според извештаите од САД, гледаноста на лигата е во голем пад, а Шек како една од причините ја наведува зголемената употреба на шутот за три поени, за чие зголемување најзаслужен е Стивен Кари.
- Имам теорија. Рејтингот е намален бидејќи постојано го гледаме истото. Секој тим денес шутира три поени. Сите ги прават истите потези од проклетата линија за три поени, со дриблинг и чекорот наназад. И рејтингот ќе продолжи да се намалува ако не се вратиме на она што го работевме порано, истакна еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, а потоа заклучи: „Кари ја уништи кошарката“.