Поради рекордно распродадениот прв термин и огромниот интерес од публиката, актерите Марјан Георгиевски и Бојан Велевски најавија втор, нов термин и тоа на 16 февруари во „Македонска опера и балет“.

По успешната распродадена прва претстава во МНТ, овој пат спектаклот се сели во еден од најпрестижните културни простори – Македонската опера и балет, каде што публиката ќе може да ужива во уште поголем амбиент и уште пожестока комична пресметка!

Две спротивни сили, Трифун (Марјан Георгиевски) и Валентајн (Бојан Велевски), ќе се судрат на сцената на Македонската опера и балет со најлудиот стенд-ап двобој што сте го виделе!
 
За вљубените, за оние што го слават Трифун, и за сите што сакаат да се смеат до солзи…

ИЗДВОЕНИ