Оваа зимска сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев најави дека стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово.
– Почнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово. Во рамките на центарот ќе има ски-патека, ски-лифт и останати потребни елементи за сите возрасти. Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија. Веќе при крајот на ноември опремата се очекува да се монтира доколку дозволуваат временските услови. Скијачкиот центар треба да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови од сите генерации – појасни Јанчев.
Тој додаде дека е ова уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на општината, ветен во предизборната програма, а кој станува реалност.
– Теренските работи се донација од општествено одговорна фирма. Инвестицијата за овој центар е донација од 231.660 евра, од уште две општествено одговорни компании – соопшти Јанчев.