Научниците од Иркутск открија плазма дупка во јоносферата по експлозијата на вселенското летало Starship лансиранo во ноември 2023 година.
Вештачка експлозија доведе до тоа за првпат да се појави дел од јоносферата без наелектризирани електрони.
„Вообичаено, таквите дупки се формираат како резултат на хемиски процеси во јоносферата поради интеракција со моторното гориво“, објасни водечкиот истражувач на Иркутскиот институт за соларно-копнена физика на сибирскиот огранок на Руската академија на науките, Јуриј Јасукевич, пренесува сајтот „sibreal.org“.
Според него, експлозијата и формирањето дупка во јоносферата, горниот слој на атмосферата, ќе помогне подобро да се разбере нејзината структура, интеракцијата на наелектризираните честички со неутралните, како и формирањето на атипични бранови во атмосферата.
На 18 ноември 2023 година, „SpaceX“ на Илон Маск го изведе вториот пробен лет на својот вселенски брод „Starship“ тежок пет илјади тони. Околу две минути и 40 секунди по лансирањето, првиот степен се одвои од ракетата и експлодира на височина од 90 километри. Главниот модул експлодирал на надморска височина од 149 километри, пренесува веб-страницата „irkutskmedia.ru“.