Возилата и транспортот имаат значителен удел во загадувањето на воздухот во градовите. Контролата на околу 7 илјади возила покажа дека најголемиот број од нив се проблематични и се упатени на вонреден технички преглед, дел биле неисправни и нерегистрирани, а кај мал број се констатирани неисправни уреди за мерење на емисијата на издувните гасови.

Во Македонија годишно се увезуваат над 35 илјади возила, од кои најголемиот дел се половни. Требаше од 2021 година да се воведе еколошка категоризација на возилата, но никогаш не се спроведе во пракса. Франк Хамес, извршниот директор на IQAir, вели дека луѓето во сиромашните земји секогаш страдаат бидејќи земаат евтини возила со стара технологија. Тој ја оценува како лоша политика да се дозволува да се возат стари возила 

Возилата и транспортот имаат значителен удел во загадувањето на воздухот во градовите. Тоа го потврди и последното истражувањето за загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, коешто идентификуваше дека во лето сообраќајот е главниот извор на аерозагадување, а е на второто место во зима, по согорувањето на дрвата.

Тоа го потврди и последното истражувањето за загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, коешто идентификуваше дека во лето сообраќајот е главниот извор на аерозагадување, а е на второто место во зима, по согорувањето на дрвата. 

Заради подобрување на квалитетот на воздух, а согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 г.“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР, во период од 13 декември до 13 јануари, направи вкупно 6.984 контроли на возила. Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово (367), во Охрид (1.564), во Битола (993), во Велес (546), во Куманово (540), во Штип (1.338), во Струмица (498), а од страна на Мобилната единица се извршени 576 контроли.

– Од вкупниот број контролирани возила, 1.206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови – информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

За реализација на оваа мерка од Акцискиот план Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1.192 вработени.

Еколошката категоризација на возилата не се спроведе во пракса

Министерството за животна средина во 2018 година најави категоризација на возилата во зависност од тоа колку загадуваат и субвенции за купување поеколошки возила. Законот за возила донесен во 2019, предвидуваше од јануари 2021, секое возило при регистрација да добие една од трите еколошки налепници во зелена, жолта или црна боја, во зависност од еколошката категорија и загадувањето што го прават. Освен еколошка такса при регистрација, категоризацијата како што беше најавено, требаше да се користи и за ограничување на движењето на возилата во градските зони во денови со зголемено ниво на аерозагадување.

Министерството за економија требаше да донесе и правилник за еколошката категоризација на возилата, но сето тоа остана само на хартија и не се спроведе во пракса. И натаму при регистрација на возилата се ставаат сонди во ауспухот за мерење на емисиите на издувните гасови, но Станиците за технички преглед ги толерираат високите концентрации од постарите возила и ги пуштаат во сообраќај да загадуваат.

Дека големо влијание на загадувањето на воздухот имаат старите возила, покажува следниот податок. Во 2005 година, моторните возила во Македонија потрошиле 186.436 тони дизел додека пак, според статистиките во 2023 година, покажуваат дека оваа бројка скокна на неверојатни 639.478 тони, што е дополнителни 453.042 тони согорени дизел за само две децении.

Во Македонија годишно се увезуваат над 35 илјади возила, од кои најголемиот дел се половни. Во моментов во земјата можат да се увезат возила кои исполнуваат најмалку ЕУРО 4 стандард. Добрата страна е што се повеќе се увезуваат понови модели на возила со норми ЕУРО 5 и 6, кај кои просечната емисија на гасови е 130 до 140 грама CО2 по километар, но и расте интересот за купување на ново превозно средство.

Хамес: Луѓето во сиромашните земји секогаш купуваат евтини возила со стара технологија!

Франк Хамес, извршниот директор на IQAir, платформата која го мери загадувањето на воздухот во светските метрополи, коментирајќи го неодамна сообраќајот како извор на аерозагадување во Скопје, вели дека луѓето во сиромашните земји секогаш страдаат бидејќи земаат евтини возила со стара технологија. Тој ја оценува како лоша политика да се дозволува да се возат стари возила.

– Ако земате возила стари многу години, ќе имате повеќе аерозагадување. Старите автомобили ако не се добро одржувани, тие можат и до 10 пати повеќе да загадуваат од нов автомобил. Сигурно не е добра политика да се дозволи да се користат автомобили што се опасни за средината. Затоа е потребна регулатива во ЕУ која ќе спречи извоз на стари возила во земјите надвор од ЕУ, или пак, државите да забранат луѓето да ги купуваат старите автомобили  – нагласува Хамес.  

Како решение за намалување на аерозагадувањето, во деновите со големи концентрации на супстанци во воздухот, Хамес предлага да се ограничи брзината на движењето на возилата на 40, па дури и на 30 километри на час, или пак да се предвидат зони во кои ќе можат да влегуваат возила со одредена еколошка норма.

– Значи, во денови кога ќе биде висока загаденоста во одредено подрачје од градот ќе може да пристапат само возила коишто би имале, на пример, зелена налепница или жолта налепница, соодветна на емисијата, на количеството на емисијата што ја имаат – предлага Хамес.

(С.Бл.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ