Старински рецепт за пита со јаболка без кори

25
pexels

Ако сте љубители на лесните и брзи колачи, овој рецепт едноставно е за вас. Во период кога јаболките ги има во изобилство можете да уживате во нивниот вкус, од свежи до подготвени на различни начини.

Еве еден одличен и пред сè лесен рецепт за подготовка на пита или колач со јаболка:

Состојки:

3 јаболка (средна големина)

2 јајца

100 гр шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

100 мл млеко

50 мл масло

150 гр брашно

1 кесичка прашок за пециво

1 лажичка цимет (по избор)

Подготовка:

Излупете ги, исчистете ги и изрендајте ги јаболката на крупно ренде. По желба посипете ги со цимет и оставете ги на страна.

Во сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не станат пенасти. Додадете млеко и масло, па сè добро измешајте.

Постепено додавајте брашно помешано со прашокот за пециво и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Во смесата додадете ги ренданите јаболка и сè убаво измешајте.

Смесата истурете ја во подмачкан плех или обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 30-40 минути, додека питата не добие златно-кафеава боја.

Изладете, посипете со шеќер во прав (по желба) и послужете.