Стапката на вработеност на лицата на возраст од 20 до 64 години во Европската Унија во четвртиот квартал од 2024 година била 75,9 отсто, објави „Евростат“.
Заводот за статистика на ЕУ забележува дека процентот на сите лица со незадоволени потреби за вработување бил 10,8 отсто во четвртиот квартал од 2024 година, што е намалување за 0,1 процентен поен во однос на третиот квартал од 2024 година.
Во споменатиот период, стапките на вработеност меѓу 15-те земји на Европската Унија се зголемени во Грција и Луксембург (по 0,8 отсто), како и во Литванија, Малта и Словенија (по 0,5 отсто).
Стапката на вработеност остана на исто ниво во Естонија и Унгарија, додека се намали во 10 земји од ЕУ, а најголем пад е забележан во Ирска (0,6 проценти), како и во Финска, Италија и Латвија (по 0,4 проценти).