Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска ја промовираше поврзувачката порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија, проект кој, како што нагласи, е од големо значење за урбаниот и културниот идентитет на градот.
– Овој современ конструкциски објект, изработен од челик и стакло, претставува функционален и естетски влез, кој создава природна врска меѓу двата најзначајни трговски простори во градот. Покрај заштитата од атмосферските влијанија, оваа инвестиција го збогатува урбаниот карактер на Чаршијата, зачувувајќи го духот на живиот и динамичен пазар – соопштија од Општина Чаир.
Градоначалникот Ганиу ја истакна важноста на овој проект како симбол на спојот меѓу традицијата и модерното, кој ја подобрува инфраструктурата и искуството на граѓаните и посетителите.