Српското МВР упати последно предупредување да се запрат нападите

36

Министерството за внатрешни работи на Република Србија соопшти дека во текот на денот „имало повеќе инциденти и тепачки меѓу учесниците на протестот“ и упати последно предупредување за прекин на нападите.

Од српското МВР соопштуваат дека инциденти и тепачки меѓу дел од учесниците на денешниот протест се случиле на повеќе локации во центарот на Белград.

Според српското МВР, тие „напаѓале полициски службеници во повеќе наврати обидувајќи се да ги спречат во вршењето на работните задачи и да предизвикаат поголем немир“.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност за спречување на понатамошна ескалација на овие инциденти, зачувување на јавниот ред и мир, заштита на граѓаните и одржување на безбедноста, се вели во соопштението.

„Полицијата упатува последно предупредување веднаш да се престане со сите напади и провокации врз полициските службеници, во спротивно полицијата согласно законот ќе мора да интервенира и да ги заштити своите службеници“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ