Српските студенти cо нов подвиг: „Трчаме до Брисел“ на седницата на Европскиот парламент

48

Студентите во блокада на 25 април ќе трчаат штафетна трка до Брисел, објавија на страницата на Инстаграм „Тркачи во блокада“.

„На денот кога нашите велосипедисти пристигнаа во Стразбур, најавуваме дека ќе трча и нашиот тим за штафета во ултрамаратон. Трчаа до Крагуевац, Ниш и Белград, ќе трчаат до Брисел! објавија на Инстаграм.


Планот е 16 тркачи да го напуштат Нови Сад на 25 април, а на 11 мај ќе пристигнат во Брисел на седницата на Европскиот парламент, каде, како што велат, ќе донесат писмо.

Овој ултрамаратон ќе биде поделен во 17 етапи, а студентите пред да пристигнат во Брисел ќе поминат низ Осиек, Вировитица, Вараждин, Грац, Оберпулендорф, Виена, Зајтенсштетен, Салцбург, Минхен, Улм, Штутгарт, Стразбур, Мец, Луксембург и Лиеж.

Студентите кои претходните денови со велосипед тргнаа од Нови Сад синоќа пристигнаа во Стразбур каде што им беше приреден свечен пречек. Тие патувале околу 1.400 километри за да ги информираат институциите на Европската унија, но и европската јавност за нивните барања и ситуацијата во Србија.

ИЗДВОЕНИ